Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура во главниот град ќе сее движи до 34 степени Целзиусови.