Од недела во попладневните часови повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен правец.

„Минималната температура ќе се движи од 7 до 16 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 23 до 31 степен“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 12 степени, а дневната ќе достигне до 28 степени.
Според прогнозата, утре ќе се задржи стабилно и сончево време со умерен, повремено засилен северен ветер.
Од недела во попладневните часови повторно се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
