Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 39 степени
Времето денеска се очекува да биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Според синоптичарите, минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 Целзиусови степени.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.