Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 14, а максималната 37 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 17 Целзиусови степени, а максималните од 26 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 14, а максималната 37 Целзиусови степени.
Во следните три дена, како што најавуваат од УХМР, не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и температури до 40 Целзиусови степени.