Следува период на стабилно, суво и многу топло време, со значителен пораст на температурата
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=9
Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во наредните денови следува период на стабилно, суво и многу топло време, со значителен пораст на температурата.