Од петок, дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и на почетокот на следната недела
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде од 7 до 14 степени, а максималната од 28 до 33 степени“,
велат оттаму.
И во Скопје ќе биде топло со мала облачност.
„Минималната ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 33 степени“,
пишува во прогнозата на синоптичарите.
Во четврток ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
Од петок се очекува времето да биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи што локално можат да бидат и обилни.
Дневната температура значително ќе опадне, особено во деновите од викендот и на почетокот на следната недела.