Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со температури до 28 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.
„Максималната температура ќе достигне до 28 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во главниот град времето ќе биде сончево и топло, со мала облачност.
И следните денови времето ќе биде топло. Во текот на утрешниот ден, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд со појава на ретки грмежи.