Заладување се очекува во среда, кога ќе дува северозападен ветер, кој во одредени делови од земјата ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Ќе има и услови за краткотраен локален дожд во западните делови од земјата
Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 25 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Сепак, ќе има и периоди со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9 степени, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени“,
велат од УХМР.
И во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
„Минималната ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени“,
предвидуваат синоптичарите.
И утре времето ќе биде стабилно и топло. Заладување се очекува во среда, кога ќе дува северозападен ветер, кој во одредени делови од земјата ќе достигне брзина од над 70 километри на час. Ќе има и услови за краткотраен локален дожд во западните делови од земјата.
И во четврток ќе преовладува променливо облачно време. Потоа следуваат денови со дожд, кои ќе бидат пообилни во сабота.
