Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток и петок во попладневните часови се очекува појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во западните, претежно планински региони ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 35 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температури во главниот град ќе се искачи до 35 Целзиусови степени.
И во следните денови од оваа седмица, според Управата за хидрометеоролошки работи, во претпладневните часови се очекува да преовладува сончево и топло време со умерена облачност, додека попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток и петок.