За утре се најавува сончево и топло време со мала локална облачност

Сончево и топло време се најавува во денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од 11 до 20, а во текот на денот од 24 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје денеска времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.
За утре се најавува сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура утре ќе се движи во интервал од 27 до 35 степени.
За деновите од викендот се прогнозира претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер и со температура до 34 степени.