За утре се најавува слично време на денешното – сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

Сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата наутро ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а во текот на денот од 22 до 33 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени наутро до 33 во текот на денот.
За утре се најавува слично време на денешното – сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Температурата утре ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.