И за утре се прогнозира сончево и топло време, а температурата утре во Скопје и некои делови од земјата ќе се искачи до 30 степени

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност е денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 3 до 9 Целзиусови степени наутро и од 17 до 29 степени во текот на денот.
Сончево и топло време се прогнозира дека денеска ќе има и во Скопје. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе биде од 8 степени наутро до 29 во текот на денот.
Според најавата од УХМР и за утре се прогнозира сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата утре во Скопје и некои делови од земјата ќе се искачи до 30 степени.
За понеделник попладне синоптичарите најавуваат дека ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.