Според Управата за хидрометеоролошки работи утре попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд, проследен со ретки грмежи
Денеска времето во земјава ќе биде наутро ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од нула дo седум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 15 до 27 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи утре попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд, проследен со ретки грмежи.
За деновите од викендот синоптичарите прогнозираат стабилно, сончево и топло време, со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.