Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, максималната ќе достигне од 22 до 29 степени, a УВ-индексот ќе биде 8
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Од УХМР информираат оти следува период на постабилно време. Дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки и на повеќе места ќе надминуваат 30 степени, а во недела ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.