Во следните денови, информира УХМР, ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7, соопшти УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови, информира УХМР, ќе има стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури, освен во вторник кога во попладневните часови се очекува локална нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
