Според Управата за хидрометеоролошки работи, променливото облачно, но потопло време ќе се задржи до средината на претстојната седмица, а потоа се очекува да има пад на дневната температура за неколку степени
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи во интервал од минус еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искаќи до 20 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, променливото облачно, но потопло време ќе се задржи до средината на претстојната седмица, а потоа се очекува да има пад на дневната температура за неколку степени.
Во среда ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови од земјата повремено засилен ветер, кој наместа ќе надминува 50 километри на час.
