Максималната температура во Скопје ќе се движи до 23 степени
Сончево и топло во текот на денот, а приквечер и во текот на ноќта нѐ очекува дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен и наместа засилен ветер од југоисточен правец со над 60 километри на час.

И во Скопје преку ден ќе бидее сончево и топло, а попладне ќе има повремен дожд.
Максималната температура во Скопје ќе се движи до 23 степени.