Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, времето ќе биде стабилно, но малку посвежо, а повремено ќе дува засилен северен ветер
Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала облачност, а попладне ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а максималната од 22 до 35 степени.
И во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност.
Попладне ќе се развие нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, времето ќе биде стабилно, но малку посвежо, а повремено ќе дува засилен северен ветер.
Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, во главно сончево и топло време со пораст на температурите.