До четврток ќе преобладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло, а во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе се спушти од 13 до 22 степени, а максималната ќе биде од 30 до 37 степени“,
велат синоптичарите.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умеерена облачност. Попладне ќее има услови за нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи.
Минималната температура во главниот град ќе биде 19, а максималната ќе достигне 36 степени.
До четврток ќе преобладува променливо облачно и посвежо време со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
И дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Од петок се очекува постепен раст на темепратурата.