Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала облачност. Попладне, пак, ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб веете, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец“,
се вели во временската прогноза.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени.
Во делови од главниот град попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
„Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната до 37 степени“,
велат од УХМР.
Утре и задутре ќе преовладува сончево време, со мала локална облачност.
Во петок времето ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со услови за дожд.
За време на викендот ќе има пораст на дневната температура.