Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува да има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде 13, а дневната ќе се искачи до 28 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во некои делови од земјата ќе има краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот од земјата ќе се задржи постабилно време со изолирана појава на пороен дожд со грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 9 до 14, а попладне од 18 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне се очекува да има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината и услови за изолирана појава на град, велат од УХМР. Утринската темпертура ќе биде 13, а дневната ќе се искачи до 28 Целзиусови степени.
На почетокот од викендот времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во некои делови од земјата и утре попладне се очекува да има краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
И во Скопје утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во пладневните часови можно е да има појава на пороен дожд во вид на краткотрајно невреме со услови за изолирана појава на град, велат од УХМР.