За утре се најавува студено утро со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно време со слаб променлив ветер

Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека претпладне ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а температурата ќе биде од -13 до -1 Целзиусов степен. Во текот на денот, пак, температурата ќе се движи од минус 1 до 11 степени.
Во Скопје денеска ќе има сончево и тивко време со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде од -3 Целзиусови степени наутро до 2 степена во текот на денот.
За утре се најавува студено утро со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно време, а ќе дува и слаб променлив ветер.
Температурата утре ќе биде од 3 до 12 степени.