Во Скопје, денеска, по ведрото и студено утро, ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од минус 10 до 0 Целзиусови степени, а во текот на денот од 0 до 13 степени.
Во Скопје, денеска, по ведрото и студено утро, ќе следува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 4 степени наутро до 11 во текот на денот.
За утре од УХМР прогнозираат слично време. Наутро ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура утре ќе биде минус 7 Целзиусови степени, а максималната 16 степени.