Во Скопје, времето денеска ќе биде наутро студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Наутро температурата ќе биде минус 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе биде многу студено, а по одделни котлини ќе има појава на магла, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринските температури ќе бидат од минус 18 до минус 6 степени, а во текот на денот од минус 3 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје, според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде наутро студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Наутро температурата ќе биде минус 11 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.
За утре синоптичарите најавуваат дека времето ќе биде наутро студено, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер.Температурата утре ќе биде од минус 12 до минус 2 степени наутро, и од 2 до 10 Целзиусови степени во текот на денот.