Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и многу студено со мала облачност. Наутро темпертурата ќе биде минус 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени

Сончево и студено најавуваат за денеска синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови од земјата ќе има мала до умерена облачност. Кон крајот на денот од УХМР најавуваат дека облачноста ќе се зголеми насекаде, а во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер, претпладне од северен, а попладне претежно од јужен правец. Утринската температура ќе биде од минус 14 до минус 7 степени, а во текот на денот од минус 1 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и многу студено со мала облачност. Наутро темпертурата ќе биде минус 7 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 3 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. На планините на северозапад се очекува позначително зголемување на снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието. Во Скопје утре ќе биде облачно, а околу пладне и попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата утре наутро ќе биде од минус 7 до 2 степени, а во текот на денот од 4 до 10 Целзиусови степени.