Минималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -4 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од -4 до 6 степени
Сончево и студено со мала до умерена локална облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за времето денеска. Во текот на денот ќе дува силен ветер, а на места ќе има услови за провејување на снег.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -4 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од -4 до 6 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно сончево и студено со умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални – 6 до максимални 3 степени.
Според најавата на УХМР, во четврток и петок ќе се задржи студеното време со минимални температури кои насекаде ќе бидат под 0. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.
