За утре се најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност и со температура од 9 до 17 степени

Сончево и релативно топло време се најавува за денешниот ден. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе има и мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а во текот на денот од 8 до 17 степени.
Во Скопје, по магливото утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб променлив ветер. Температурата ќе биде од 5 степени наутро до 15 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност и со температура од 9 до 17 степени.
Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во опаѓање.