Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 11 до 16 степени
Сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Наутро на места ќе има зголемена облачност, која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени Целзиусови, додека максималните ќе се искачат од 11 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.
Според најавата на УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време со зголемена облачност во утринските часови, која во текот на денот ќе се намалува.
