Вo Скопје времето ќе биде сончево и претежно тивко. Утринската температурата ќе биде минус 3, а дневната ќе се искачи до 10 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претежно тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус 3 до 5 Целзиусови степени, а во текот на денот од 10 до 17 Целзиусови степени.
Вo Скопје, денеска наутро ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Утринската температурата ќе биде минус 3, а дневната ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.
Од УХМР и за утре најавуваат дека времето ќе биде сончево, тивко и релативно топло. Претпладне по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Вo Скопје и утре претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево и претежно тивко. Температурата утре ќе биде од 11 до 16 Целзиусови степени.