Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец
Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.
