Од утре се најавува дека ќе има сончево и топло време со пад на температурата за три до пет степени

Сончево и многу топло време се најавува за денеска. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе биде од 11 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Темпратурата ќе се движи од 15 степени наутро до 38 во текот на денот.
Од утре се најавува дека ќе има сончево и топло време со пад на температурата за три до пет степени.
Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.