Од УХМР велат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а на некои места ќе надминува и 40

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени.
И во Скопје денеска ќе има сончево и многу топло време со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро, до 40 во текот на денот.
За утре, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 33 до 41 степен.
Од УХМР велат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а на некои места ќе надминува и 40.
Од недела попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.