Во текот на оваа недела, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот

Сончево и многу топло време е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 31 до 39 степени.
И во Скопје денеска времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се искачи до 39 степени.
За утре синоптичарите најауваат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 34 до 40 степени.
Во текот на оваа недела, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа се очекува да достигне и 40 степени.