Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне се очекува да има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од пладневните часови се очекува да има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Скопје ќе биде до 36 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат дека времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието попладне ќе се засилува. Температурата утре наутро ќе биде од 13 до 23, а во текот на денот од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот и утре ќе биде 7.
И во Скопје утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а температурата ќе се искачи до 35 Целзиусови степен.