Во Скопје времето ќе биде сончево претпладне, но во попладневните часови нѐ очекува повремен дожд кој повремено ќе биде пороен, а ќе има и појави на грмежи. Се очекува и засилен северен ветер, особено попладне и навечер
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево претпладне, но во попладневните часови нѐ очекува дожд, кој повремено ќе биде пороен, а ќе има и појави на грмежи. Се очекува и засилен северен ветер, особено попладне и навечер.
Во петок ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Попладне, особено во источните делови од земјава, ќе има нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е да се појави и изолирано невреме со град.
Минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 17, а максималните дневни од 27 до 36 Целзиусови степени.