Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 15 степени, а максималната 35 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималните од 24 до 35 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 15 степени, а максималната 35 Целзиусови степени.
Наредните денови од УХМР најавуваат сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне на некои места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.