Повисоки температури ќе бидат забележани во првата половина од следната недела
Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде од 10 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени“,
се вели во соопштението од УХМР.
И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од утре, според синоптичарите, следува период на сончево и многу потопло време со пораст на дневните температури.
Повисоки температури ќе бидат забележани во првата половина од следната недела.