За утре се најавува променливо облачно време, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови од земјата

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови од земјата, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од еден до девет Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од шест до 13 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движиод седум степени наутро до 12 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно време. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Температурата во текот на денот ќе биде од девет до 16 степени.
