Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според УХМР, под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд – локално пообилни, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух во понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.
