Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре (четврток) врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. В петок ќе има преодно стаблизирање на времето, а во деновите од претстојниот викенд повторно ќе има локални врнежи од дожд и од снег, кои наместа ќе бидат пообилни
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 25 литри на квадратен метар наврнат воден талог. Врнежите од дожд се очекува да бидат поинтензивни во попладневните часови и во текот на ноќта, а на планините тие ќе бидат од снег. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува и засилен ветер од јужен правец, кој ќе достигне брзина и од над 60 километри на час.

Утринската температура се движи во интервал од четири до 12 , а максималната дневна ќе достигне од осум од 16 Целзиусови степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта, а ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре (четврток) врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови од земјата ќе се формира нова снежна покривка, а потенок слој од снег се очекува да се формира и во некои од пониските места. В петок ќе има преодно стаблизирање на времето, а во деновите од претстојниот викенд повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Се очекува и опаѓање на дневната температура, велат од УХМР.
