Според УХМР, следните денови ќе има променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури во некои делови од земјата ќе се спуштат под нула степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во западните делови од земјата ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Во текот на денот ќе дува умерен, а на некои места повремено засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус два до четири Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од три до 15 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од два степена наутро, до 13 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од шест до 14 степени.
Според УХМР, следните денови ќе има променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури во некои делови од земјата ќе се спуштат под нула степени.
