Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре изутрина ќе биде студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре изутрина ќе биде студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени.
Кон крајот на денот и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд.
До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.
