Од утре следува заладување со нови пообилни врнежи. Потоа ќе има претежно стабилно време, а од петок повторно ќе има врнежи од снег и дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), додавајќи дека кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд.

На планините и на повисоките места во западните делови од земјата ќе има врнежи од снег.
Ќе дува умерен северозападен, а наместа и повремено засилен ветер.
„Минималната температура ќе се движи од 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени“,
велат од УХМР.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Кон крајот на денот ќе има повремен дожд, а ќе дува променлив ветер.
„Минималната тмпература ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Од утре следува заладување со нови пообилни врнежи. Потоа ќе има претежно стабилно време, а од петок повторно ќе има врнежи од снег и дожд.
