Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви интервали. Утринските температури денеска и утре на места ќе паднат под нулата, што ќе предизвика појава на утрински мраз
Променливо облачно време со сончеви периоди се очекува денеска низ земјава, информираат од Управата за хирометеролошки работи (УХМР).

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
„Температурите ќе се движат од минимални минус 3 до 7 степени, до максимални од 12 до 19 степени Целзиусови“,
велат метереолошките служби.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер.
„Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 17 степени“,
информираат синоптичарите.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со сончеви интервали. Утринските температури денеска и утре на места ќе паднат под нулата, што ќе предизвика појава на утрински мраз.
Од сабота се очекува промена на ветерот во југоисточен, кој во понеделник и вторник на моменти ќе достигнува брзина до 60 километри на час.
Во ноќта меѓу петок и сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд, додека во вторник во западните делови, како и во среда на повеќе места, се најавуваат локални врнежи проследени со грмежи.
