Минималната температура во главниот град ќе се спушти до пет степени, а максималната ќе достигне 12 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Претпладне на одредени котлини ќе има појава на магла, а долж Повардарито ќе дува слаб, умерен ветер од северен правец.
„Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 6 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени“,
велат синоптичарите.
Во Скопје, претпладне ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде облачно со сончеви периоди.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до пет степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Спореед УХМР, во текот на неделава времето ќе биде стабилно и релативно топло.
