Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни
Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Ова е временската прогноза за денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
„Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени“,
пишува во прогнозата.
И во четврток во утринските часови ќе има услови за појава на магла.
Според УХМР, под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови, па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.
