За утре од УХМР најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, се наведува во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата наутро ќе биде од 8 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 25 до 36 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде претпладне сончево, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 15 до 36 степени.
За утре од УХМР најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец за утре се најавува и за Скопје. Температурата утре ќе се искачи до 36 степени.