За време на викендот времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени“,
велат од УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.