Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 2 степени над нулата, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се наведува дека денеска ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус 3 до 6 степени, а во текот на денот ќе се движи од 5 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, според прогнозта на УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде 2 степени над нулата, а во текот на денот ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус 4 до 4 степени наутро,а во текот на денот таа ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.
