Од УХМР велат дека под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од 3 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд и со умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе биде од 6 степени наутро до 16 во текот на денот.
За утре се најавува ведро и постудено утро, а во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец. Дневната температура утре ќе биде од 14 до 20 степени.
Од УХМР велат дека под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
